АктуелноЛокално

Левица: Пендаровски е невидлив Претседател и како таков треба да биде третиран

  • Реакција на политичката партија Левица

Ја известуваме македонската јавност дека двајцата опозициски пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – ќе ја бојкотираат 96-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно парламентарно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски.

Нашите пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на т.н. „шеф на државата“, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“.

Сметаме дека еден ваков ситнодушест буржуј, без кичма и карактер, кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам, кој сервилно го одмолчува секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите народни пратеници и на пошироката јавност.

Пендаровски, познат по своите психички неурамнотежени испади на прес-конференции, по својот некреативен дрвен и папагалски новоговор и апологет на поданичкиот невизионерски НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински прифатен како обединувачки „Татко на нацијата“. Овој кариерист и империјалистички слуга е еден обичен приврзок на лузерскиот заевизам и како таков ќе биде запаметен и сместен на гнојарникот на Историјата. Тој е промотор на антимакедонската сервилна меѓународна политика, која преку вазалство и национално понижување на Македонците, Републиката ни ја направи протекторат на западните корумпирани елити.

Неговото неминовно заминување од политичката сцена во 2024 година ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари, со визија за еден нов и праведен свет.

Да живее слободна и суверена Република Македонија!