АктуелноЛокално

Апасиев: Нелегитимниот премиер со антимакедонски и елитистички интереси ја напаѓа Левица

  • Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во интервју за „Телевизија 24“ зборуваше за црната кампања на СДС и нелегитимниот премиер.

,,Изминатите месеци СДС има најмено странска агенција за пропаганда, која има за цел да ја демонизира Левица и така нечесно да ги покрие недостатоците на Владата. Црната кампања не соодветствува со реалноста и не ја прифаќа народот и во соопштенијата јазичните формулации не припаѓаат на македонскиот јазик – туку се дело на странски центри.

Таа кампања ја води човек кој е од бизнис класата, чиј анкетен лист е содржаен и индикативен, кој никогаш не бил гласан на избори, но, сепак е сега премиер – и тоа наспроти неизвалкана и чесна структура како Левица.

Димитар Ковачевски требаше веднаш да поднесе оставка кога се обелодени скандалот со неговата сопруга која влегува во енергетскиот сектор, додека тој е на државна функција во време на општа кризна состојба со енергенсите.”