Концерт на ансамблот на Дунавската школа за фолклор

Вечерва (8 август), свој настап ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Овој концерт ќе се одржи на сцената „Летница“ во Охрид, со почеток во 20:30 ч. Ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.

Настанот е организиран од страна на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија.

Овој концерт е дел од турнејата на ансамблот на Дунавската школа за фолклор низ Македонија, која почнува со настап во Прилеп на 7 август, продолжува со настап во Охрид следниот ден, а потоа и со настапи во Битола на 9 август, во Крушево на 10 август, и завршен концерт во Скопје, на 11 август.

Влезот за сите настани е слободен.