Командант на ОВК осуден на 26 години затвор за воени злосторства!

Судот во Хаг вчера го осуди командантот на ОВК, Салих Мустафа, на 26 години затвор за воено злостроствa извршенi во импровизираниот логор во Злаш, Косово, во 1999 година.

Салих Мустафа беше командант на герилската единица на БИА, во оперативната зона Лаб на т.н. Ослободителна војска на Косово.

Специјализираниот обвинител го товари врз основа на индивидуална кривична одговорност и кривична одговорност на неговиот претпоставен за злосторства извршени од припадници на ОВК врз затвореници во селото Злаш во областа Гољак во Косово. Според обвинението, од приближно 1 април 1999 година до крајот на април 1999 година, Салих и други војници на ОВК, припадници на полицијата и чуварите имале заедничка цел да ги испрашуваат и злоставуваат затворениците во комплексот во Злаш. Салих е обвинет за четири точки од обвинението – самоволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство.

Салих Мустафа беше уапсен и префрлен во притвор во Хаг на 24 септември 2020 година. На судењето, пред советот со кој претседава судијата, Мапи Фелт Фолиа, кое започна во септември 2021 година, беа сослушани осум жртви, како и вкупно 29 сведоци на обвинителството и одбраната. Голем дел од процесот на судењето беше затворено за јавноста за да се заштити идентитетот на жртвите. Помеѓу сведоците имаше и албанци кои во логорот во кој командувал Салих, биле донесени под сомнение дека се соработници на Србите.