АктуелноЛокалноСтав

Со одлучна влада и народна поддршка, можеме да си го вратиме своето!

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката Партија Левица

Два последователни премиери од СДС со семејни врски во енергетската индустрија, како што и лидерот на ДПМНЕ доаѓа од тој сектор.

Луѓето кои се наоѓаат на највисоките државни функции или кон нив целат, отворено работат за приватниот интерес кога станува збор за државните ресурси.

Рака на срце, ова последново е најодвратен пример – доколку во услови на континентална криза социјалдемократскиот премиер ја користи својата функција за да навлезе во лукративниот бизнис токму во ова време, тоа посочува кон воено профитерство.

Политичарите и олигархијата се обединетите во единствена класа и за тоа не е потребно полемизирање – повелете, видете!

Како ништо до сега, кога ние сите заедно ќе посегнеме да ги национализираме ресурсите и нивната дистрибуција, тогаш ќе се соочиме со целосниот гнев на нивната машинерија. Повеќе од сè, ќе застанат во одбрана на нивниот свет на привилегии кој им дозволува да паразитираат!

Со одлучна влада и народна поддршка, можеме да си го вратиме своето!