Левица: Фашистичките здруженија под будно око на Левица го разбудија и обвинителството

  • Соопштение на Левица Правен сектор

По поднесената Кривична пријава од страна на Левица до ОЈО Битола против Љупчо Ѓоргиевски претседател на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ за кривичните дела- излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна и верска основа, претседателот на ова здружение е повикан во својство на осомничен од страна на Обвинителството.

Од страна на Левица беа поднесени и Иницијативи за забрана на работа на фашистичките здруженија Ванчо Михајлов и Цар Борис III за кои сеуште немаат постапено надлежните обвинителства.

Се надеваме дека обвинителствата ќе останат доследни на своите законски ингеренции и ќе постапат по сите поднесени акти со цел да се спречи делувањето на овие фашистички здруженија.

Левица секогаш ќе остане доследна и истрајна во антифашистичките заложби и понатаму будно ќе го следи овој процес, а особено законските обврски за организациите кои треба до месец февруари 2023 година да го усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно законските измени на Законот за здруженија и фондации.