Владимир Путин и Си Џинпинг одржуваат редовни контакти во различни формати

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг одржуваат редовни контакти во различни формати, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Лидерите на Русија и Кина одржуваат редовни блиски контакти користејќи различни методи“, посочи Ванг.

Рускиот весник „Ведомости“ повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, претходно објави дека Путин и Си најверојатно ќе одржат средба преку видео повик на новогодишната ноќ на која ќе разговараат за политичките промени во 2022 година.

За оваа видеосостанок сè уште нема официјална потврда.