Племенизацијата на Македонија преку дозволување на чисто етнички партии
- Фејсбук статус на Влатко Токарев
Со воведувањето скапа и противуставна двојазичност во трговијата продолжуваме да ја плаќаме цената на племенизацијата на Македонија преку дозволување на чисто етнички партии.
Според Венецијанската комисија на Советот на Европа, државите може да забранат политички партии кои се залагаат за промоција на само едно етничко малцинство, кога од политичкиот контекст во државата произлегува дека понатамошно поттикнување конкуренција помеѓу политички партии здружени врз основа на етничка или верска припадност е опасно.
Во Македонија, понатамошниот натпревар помеѓу ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса кој ќе обезбеди повеќе права на албанското малцинство неминовно води до кршење на Уставот и поттикнување национална нетрпеливост, без никако суштински да го подобрува животот на Албанците.
Албанците одамна имаат многу повеќе малцински права од тоа што е предвидено во меѓународното право и ДОЗВОЛЕНО во Уставот на РМ. И во теорија и во пракса се целосно рамноправни и почитувани граѓани. Не постои уште едно малцинско право кое Албаците во Македонија може допрва да го добијат, a тоа право да не биде противуставно и да може непроблематично да се спроведе во унитарна, нефедерализирана држава. Затоа, дејствувањето на етнички партии како ДУИ е веќе бесмислено, неуставно и закана по државата.
Уставот и “европските” вредности налагаат следната лидерска да е на тема – забрана на работата на чисто етнички партии и воведување обврска партиите да работат според идеолошки јасна програма во корист на сите граѓани во државата.