Левица донираше еден тон стара хартија за изработка на учебник со бајрово писмо

  • Соопштување на Левица – Социјален сектор

Левица донираше еден тон стара хартија за изработка на учебник со брајово писмо наменет за децата со оштетен вид, ученици во училиштето „Димитар Влахов” во Скопје.

Социјалниот сектор на Левица, во координација со скопските локални ограноци на Левица, се приклучи кон акцијата за собирање на стара хартија организирана од училиштето.

За една недела, колку што траеше акцијата за собирање хартија, членови и симпатизери на Левица донираа стара хартија при што е собрано повеќе од еден тон стара хартија.Хартијата денес беше доставена до училиштето „Димитар Влахов“.

Се надеваме дека со нашето учество допринесовме за поголема успешност на акцијата и дека наскоро овие дечиња ќе можат да му се радуваат и да учат од новиот учебник