Во интервју на порталот Работник координаторот на Трудовиот сектор на Левица, Александар Димитријевиќ, коментирајќи ги налудничавите феудалистички нагони на власта на СДСМ и ДУИ да го зголеми осум часовното работно време, сподели дека првото вакво ограничување датира уште од XVI век и констатираше дека предлог-законот ги уназадува правата на работниците за неколку векови.
„Не сакам ни да помислам дека воопшто може да се донесе ваков закон. Пред некое време истражував и дознав дека за првпат кралот Филип Втори во Шпанија, во 1594 година, со кралски едикт ја организирал работата на осум часовно работно време. Значи во XVI век е веќе имплементирано осумчасовното работно време како заштита на здравјето на работниците, а ние после пет века сакаме да донесеме закон кој ја зголемува прекувремената работа.“
Во продолжение Димитриевиќ додаде дека ако пројде овој предлог-закон, капиталистичкото лоби ќе побара целосна имплементација на овој закон во приватниот сектор.
„Секако дека ако пројде во јавен сектор, ќе пројде и пројде и во приватниот. Ние сме капиталистичко општество, а капиталот има силно лоби и исто како што се случи со Законот за недела неработен ден, ќе се случи и со овој Закон.“