Левица продолжува да расте – нова канцеларија во Кочани

  • Соопштение на Левица – ЛО Кочани

Кочани уште на локалните избори ја прифати црвената боја, избирајќи член на Левица во Советот на Општината, денес повторно блесна во црвено. ВЕЧЕРВА ОФИЦИЈАЛНО Е ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ЛОКАЛНИОТ ОГРАНОК ВО КОЧАНИ.

На отворањето беа присутни претседателот на партијата, Димитар Апасиев, пратеникот од ИЕ бр.3, Борислав Крмов, како и други членови и симпатизери. На настанот присуствуваа и граѓаните на општината кои имаа можност одблиску да се запознаат со платформата, визијата и стратегијата на Левица, како единствена идеолошка, работничка и класно-ориентирана партија.

Отворањето беше проследено од сите локални медиуми во општина Кочани.

Заинтересираните граѓани ќе можат лично да ги споделат своите проблеми, забелешки и сугестии со членовите на Левица секоја среда од 17 до 19 часот.

Низ слики, дел од атмосферата од денешното отворање на новата канцеларија на Левица во Кочани.