Таеквондистите од клубот “Хулк Академи” бараат правда и рамноправен третман од федерацијата

  • Соопштение на Левица – Сектор спорт

Неодамна, нашиот стручен тим оствари средба со тренерите и основачи на ТК „Хулк академи“ кои детално ни ги предочија своите проблеми, опструкциите кои со години ги трпат, како и причините. Сега тие излегоа и со официјална реакција во јавноста.

Иако клуб е еден од ретките со толкава бројка на спортисти кои се подготвени за меѓународни натпревари, Македонската таекводно федерација (МТФ) на осумдесеттина спортисти од клубот, сѐ уште им го оспорува правото на натпреварување, да се борат за медали на националните и меѓународните натпревари.

Клуб и покрај сите исполнети барања и потполна документација, сѐ уште не може да се најде на листата на членки во МТФ.

Овие натпреварувачи, на регионалните натпревари во последниот период се закитија со врвни пласмани и медали и истите овие деца заслужуваат да им се укаже шанса да се борат во боите на знамето на Македонија и МТФ.

Од овие причини, клубот и јавно испрати апел и барање до МТФ да престане со дискриминација на нивниот клуб, а со тоа и на нивните натпреварувачи кои заслужуваат да ја имаат можноста да се натпреваруваат, а кои ги исполнуваат сите услови за истото.