(Видео) Крмов: Владата применува мерки за штедење врз грбот на најсиромашните студенти
- Пратеничко прашање на пратеникот од Левица – Борислав Крмов до министерот за образование, Јетон Шаќири.
„Прво да демонстирам во какви услови нашите студенти – иднината на оваа држава – учат, студираат и живеат.
Во студентските домови нема топла вода и греење, па често студентите се болни и имаат инфекции. После 19ч. им се гасат лифтовите и строго се забранети грејни тела, а им се гасат и фрижидерите.
Собите им ги тресат како Гестапо, без нивна дозвола, што е нелегално. Имаат притисоци и се бркаат студенти од домовите, чисто да послужат како пример за другите.
Цените се покачени, сместувањето редуцирано, реновирањето се одолговлекува, а можеби и се спремаат за приватизација. Поради ова, студентите на два пати излегоа и на протести со скромни барања.
Моето прашање е, земајќи ги во предвид сите горенаведени работи, дали мисли министерот воопшто да им излезе во пресрет на студентите или владата планира на грбот на најсиромашните студенти да продолжи со мерките за штедење?