Матица на иселеници од Македонија на социјалните мрежи го објави следниот пост:
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра осуда за донацијата на бугарската Амбасада во Општина Пустец да се исчисти бугарскиот крлеж од македонското ткиво.
Деновиве во селата на Општина Пустец, Република Албанија, имало посета од бугарска делегација која подарила неколку столчиња и книги на бугарски јазик. Посетата како што велат од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана била придружена со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалната интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи.
„Не е тајна дека македонските деца и денес за прв пат се среќаваат со албанскиот јазик во училиште, бидејќи дома се говори на македонски јазик.
Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои си плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари“ во Албанја.Тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец.
Во оваа прилика, Македонското друштво “Илинден“-Тирана се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи.
Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат“ Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Република Албанија“, се вели во соопштението до медиумите на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана..
Училишта на македонски јазик во Мала Преспа – Албанија
После завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање на решенија за именуваните учители задолжен биле Околиските началници за просвета.
Така, за именуваните учители од битолскиот округ задолжен бил Илија Јанкуловски. Решенија за распределба на учители во Албанија со негов потпис добиле:- Кире Стерјески – назначен за учител во училиштето во с. Пустец од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1946 година.
– Никола Марковски – назначен за учител во училиштето во с. Шулин од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1945 година.
– Ристо Стерјовски – назначен за учител во училиштето во с. Горица од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1947 година.
– Томе Тодоровски – назначен за учител во училиштето во с. Туминец од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на 1947 година.
– Никола Беровски Николовски – назначен за учител во училиштето во с.Горица од 1 септември 1945 година. Тој се оженил во Албанија и останал таму до крајот на животот. Учениците во училиштето ги изучувале наставните предмети: мајчин македонски јазик, сметање, историја, земјопис, природознание, пеење, цртање, фискултура.
Во периодот после Информбирото, македонските учители биле протерани, но изучувањето на мајчиниот македонски јазик продолжило во училиштата во преспанскиот регион.