АктуелноИнтернационално

Западот со помош на ООН сака да ги присвои замрзнатите руски средства

Генералното собрание на Обединетите нации денеска на иницијатива на западните земји ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нападот врз Украина, за што би требало да плати воени репарации.

Нацрт-резолуцијата, заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за штети, загуби или повреди“ предизвикани од „неправедните акции“ на Русија против Украина.

Резолуцијата предлага 193-те земји-членки на Генералното собрание на ОOН, во соработка со Украина, да формираат „меѓународен регистар“ кој ќе ги документира тврдењата и информациите за штетите, загубите и повредите што Русија им ги нанела на Украинците и нивната влада, известува АП.

„Западните земји се обидуваат, со помош на Генералното собрание на ОOН, да им дадат некој привид на легитимитет на обидите да се присвојат замрзнатите руски средства кои се замрзнати токму од Западот“, рече претставникот на Русија во ОOН Дмитриј Полјански, кој додаде  и дека усвојувањето на таков документ би бил безвреден.