Левица ја наметна антифашистичката борба другите следат

Портпаролот на политичката партија Левица го коментира притискањето на ДПМНЕ да се преименува или затвори Цар Борис како и законот за здруженија. Во контекст на ова порталот „Локално‘‘ објави:

Од партијата „Левица“ за „Локално“ коментираат дека „вклучувањето на ВМРО-ДПМНЕ во оваа приказна е последица на наративот кој Левица го постави.

Не постои причина поради која можеме да веруваме дека тие (ВМРО-ДПМНЕ) ќе беа вклучени во антифашистичката борба доколку ние не го мобилизиравме народниот одговор, а со тоа ги одредивме и политичките прилики“, вели портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ во изјава за „Локално“.

Мециновиќ потенцира дека „Левица“ е единствена антифашистичка парламентарна партија, чии вредности се содржани во антифашистичкиот народен гениј.

Природно, битката против повампирувањето на идеите кои имаат за цел да ја поткопаат националната и социјалната слобода на Република Македонија, падна на „Левица“ да ја води. Ние организиравме два масовни протести против двата контроверзни фашистички клубови во Битола и Охрид, против кои поднесовме претставки за забрана на работата, како и кривична пријава против претседателот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола“, наведува Мециновиќ.

Портпаролот на партијата додава,

Борбата против рехабилитацијата на овие фашистички дејци и државници, создаде притисок врз власта и сите останати политички субјекти, бидејќи народот тоа го бара и посакува. Вредно да се напомене е тоа што квислиншката влада со своите челници, сега зборува за нужноста од овој закон да се најде пред Венецијанската комисија, кога токму нивното непочитување на заклучоците од комисијата за двојазичноста и понатаму нѐ прогонува во европските извештаи како негативна одлика“, рече Мециновиќ.