АктуелноЛокално

Kаде одат парите од пластичните кеси?

  • Реакција на Левица – Зелен сектор

Од први декември 2021 година, граѓаните на Република Македонија секојдневно кога купуваат стока за широка потрошувачка, на илјадници места ширум државава плаќаат по 15 денари на каса за една кеса, наместо некогашните 2 денари.

Ова е резултат на стапувањето на сила на Законот за управување со отпад.

Министерот за молк Насер Нуредини тогаш помпезно најавуваше дека дел од парите добиени со продажбата на кесите што чинат 15 денари ќe биде наменета за заштита на животната средина.

До ден денешен нема никакво јавно објаснување од молчаливиот министер Нуредини за тоа кој го собира профитот од продадените кeси. На граѓаните им останува да шпекулираат каде завршуваат нивните пари.
Никој јавно не излегол да каже колку вистински чини една биоразградлива кеса и колкав е периодот на нејзината разградливост.

Политичката партија “Левица” го поддржува планот да се намали производството на пластични кеси и со тоа да се намали загадувањето со пластичен отпад. Но, исто така застанува во одбрана на граѓаните кои мораат да плаќаат скапи кеси.

“Левица “бара итно формирање на наменски Фонд за животна средина во кој ќе се слеваат парите од сите давачки поврзани со животната средина.

Бараме од надлежните да кажат каде одат парите од пластичите кeси во услови кога има историски најголема сеча на дрвна маса, во услови кога нема ниту еден проект од национален интерес за животната средина и кога во речиси сите општини низ Македонија буџетот за животна средина е драматично намален, а голем дел од малкуте пари за екологија се пренаменуваат за плаќање на сметки за електрична енергија на јавните претпријатија и општините.