АктуелноЛокалноОгледало

Рацин – Болшевичка партија

  • Објава на Левичарскиот Институт „Рацин“ – по повод годишнината од Октомвриската револуција насловен – „Болшевичка Партија“, кој своевремено е напишан за партискиот весник на КПЈ и во кој Рацин ја истакнува важноста на партијата во борбата на работничкото движење.

Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција) е востание на рускиот народ кое започнува во Петроград (денешен Санкт Петербург) на 7 ноември 1917 година или 23 октомври 1917 по стариот јулијански календар, кој бил во официјална употреба во царска Русија, па од таму и нејзиното име „Октомвриска“. Револуцијата ја креваат руските болшевици на чело со Владимир Ленин, и истата важи за првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.

Болшевичката револуција, како еден од најважните настани на 20-тиот век, ги постави основите на блоковската поделба што одбележа речиси половина од 20-от век и кулминираше со Студената војна на иделошко ривалство меѓу поранешниот Советски Сојуз и западните држави, предводени од САД.

Револуцијата, својот конечен триумф го постигнува со прогласувањето на Сојузот на Советски Социјалистички Републики на 30 декември 1922.

Со оглед на тоа што Октомвриската револуција е дело на Болшевичката партија, партија која пак била основана од Владимир Ленин, кој исто така ја водел и во текот на Револуцијата, подолу ви пренесуваме текст на македонскиот комунист и револуционер, Коста Солев Рацин, насловен како “Болшевичка Партија“, кој своевремено е напишан за партискиот весник на КПЈ и во кој Рацин ја истакнува важноста на партијата во борбата на работничкото движење и неговата конечна победа и градење на социјалистичкото општество.

Коста Солев Рацин – Болшевичка партија

Болшевичката партија е ден нарочен тип политичка организација. Она не е просто партија на политички едномисленици, како што се граѓанските и социјалдемократските партии. Она не е ни ограничена политичка група, какви групи се верските секти. „Болшевичката партија е врховна организација на работничката класа, нејзина борбена авангарда и нејзин водич“ (Ленин). Оттука иде и нејзиниот нарочен тип, различит от типот на другите партији.

Во периодот на решителните класни збиванија, на отворени и директни револуционерни акции и подготовки за зимање на властта, пролетаријатот има нужност од една борбена и револуционерна партија, организирана и централизирана како секоја друга борбена единица. Вматрешниот распоред на таква партија требе да биде исто боен, а дисциплината железна. Таква партија е болшевичката партија.

Природно е дека секој требе да стори извесни предусловија, пред да му се отвори „железната врата“ на таја партија. Ете зошто „болшевичката партија не може да прибере повечку от еден дел на работничката класа, оти под условијата на капитализмот, класносвесните работници не се мнозинство од тој дел“ (Ленин). Но това требе убаво и правилно да се разбере, та от таква партија да не се направи некоја секта ели конспиративен еснаф.

Класната битка, револуционерната битка на пролетаријатот за куткање на буржоазијата и васпоставуење на пролетерска власт, е како секоја друга битка. И она си има свои закони на водење на акција, своја стратегија и тактика, своја наука за победата на пролетаријатот. И као што секоја битка ја раководи еден организатор и боен штаб, така и класната битка на пролетаријатот си има свој организатор и боен штаб: тоа е неговата болшевичка партија. И пролетаријатот има свои ударни и резервни сили, от чие што правилно распоредуење и исползуење зависи исходот на битката.

Широките експлоатирани маси и пролетариатот водат секојдневни борби, пројавуаат стихијна револуционерност, но само со ниф, не можат да се постигнат крајните посакувани цели. Но само класносвесната авангарда, болшевичката партија на пролетаријатот може да ги поврзе тија секојдневни со општите борби, и таја стихијна револуционарна со плански акција за куткање на буржоазијата и постигнување на крајните успеси. Ете како партијата стануе организатор на пролетерската битка и го држи у своите раци нејзиниот боен штаб. Ако пролетаријатот и масите се претстават како бојна армија, партијата е нејзиниот организатор и командант. Масите се војници, а парцијците офицери. Само така може да се води победоносна класна битка против буржоазијата, коа од своја страна претставува организирана бојна армија, на чело со својот класен државен апарат.

Таја организирана сила може да се кутне само со друга организирана сила. Иначе, организираната сила секој пат ја повасуе неорганизираната, стихијната акција на масите секој пат се свршуе безуспешно, штом на нифното чело не стои една свесна и железно организирана авангарда, која ги раководи и полтички гледа по-далеку от ниф. Таја авангарда е болшевичката партија.

„Партијата требе да биде авангарда на работничката класа. Она требе да ги групира најарните елементи, страстнати со нејзиното искуство, со нејзиниот револуционерен дух, и безгранично предадени на делото на пролетаријатот. За да одговори на таја своја задача, партијата требе да се вооружа со револуционерна теорија, за да ги познае законите на движението, законите на револуцијата. Иначе, она не ке може да го поведе пролетаријатот и да ја раководи неговата битка… Партијата требе да оди на челото на работничката маса, да гледа по-далеку од неја. Оти она е политички шеф на пролетаријатот“ (Сталин).

Што значи сето ова?

Еве што:

1) Партијата е најелитниот, најреволуционернијот и најверниот дел на работничката класа, организиран у бојна политичка единица, за да ја организира и води класната борба на пролетаријатот до крајната победа. Затова, партијата требе секој пат да стои над нивото на масите, кои требе да се уверат и убедат на дело дека партијата стои по-високо и гледа по-далеку от ниф, та да и дозволат да ги раководи. Иначе, штом партијата се изедначи со масите, штом се изгуби у нифните редови, престанува да биде ….[оштетен текст] водач, ами воден. Партијата не смее никој пат да биде… [оштетен текст] нејзината работа нејзиното бдение над масите. У сите по-важни политически, економски и др. собитија, кои ги интересујат масите, партијата требе да се осети со своиот политички став, со својата интервенција. Она не требе да чека спонтана акција на масите, па да влезе у дејство, ами таква требе да ја предвиди и поведе. За партијата нема никога пауза: има само смена на формите на работата, кои зависат от дадените условенија и околности. Иначе, ако партијата се самозадоволуе само со активност меѓу своите членови, ако незнае да си направи и одржава тесни врски со масите, ако се зачаури у конспиративност и не умее да се пројави башка от конспиративноста – она се изродуе у една секта и не повеке.

2) Партијата требе да умее да ги предвиди и разбере политичките догаѓаји, да не биде изненадена от ниф, ами да може веднага што по-правилно да се ориентира и прилагоди. Ете зошто е неопходно нејзините елементи да располагајат со партијното искуство и да ги познавајат „законите на движението, законите на револуцијата“. Една вистинска болшевичка партија секој пат се одликуе по својата брза и правилна ориентација.