Апасиев најави „Антипровизиски закон“ кој ќе ги спречи „ситните крадења“ на банките

Вчера од страна на Левица беше објавена реакција „Нема криза за лихвобанкарите – нивните профити растат“ во кој беа споделени профитите на банките во време на една од најголемите економски кризи во државата, а беше споделен и фактот дека во 2021 година, банките спечалиле 600 милиони евра само од дозволено пречекорување на сметка и минус на кредитна картичка.

Непосредно по објавувањето на реакцијата во која беа споделени детали како банките го пљачкосуваат народот и оствариле највисока добивка во време на економска криза, за што беа наречени лихвобанкари, Пратеникот Апасиев најави дека Левица ќе поднесе „Антипровизиски закон“ со кој ќе се спречат токму ваквите „ситни крадења“ на банките кои овозможуваат екстремен профит на грбот на народот и сиромашните.

„Пратениците на Левица, во текот на наредната недела, токму поради „ситните крадења“ и екстрапрофитите на лихвобанкарите – пред кои Владата и Народната банка се прават слепи при очи – ќе поднесат т.н. АНТИПРОВИЗИСКИ ЗАКОН во собраниска процедура. Очекуваме од сите партии истиот да биде поддржан и донесен во интерес на народот и граѓаните“, – соопшти Апасиев.