Јованов: Арно му текна на Тимчо да чисти пред избори

  • Фејсбук статус на проф. Тамара Јованов

Тимчо пак се слика.

Ќе ја чистел општината.

Замислете да фатиме постојано сите да се фотографираме како си ги извршуваме најсекојдневните работни обврски.

Слика од пишување извештај.

Слика од ексел табела.

Слика од правење кафе за колегите.

Слика од фрлање хартивче во канта.

Слика од состанок.

Слика од друг состанок.

Слика од апликација за средства од фонд.

Слика од возење до состанок.

Слика од заклучување канцеларија.

Слика од отклучување канцеларија.

Слика од телефонски повик.

Слика од онлајн состанок.

Слика од друг онлајн состанок.

Слика со секој од партнерите.

Слика со партнерите на партнерите.

Слика како ги раскреваме чашите после состанок.

Слика од читање извештај…

Вака отприлика ја води бројлеров општината.

Арно ти текна да видиш колку е гнасно, пред избори!