АктуелноЛокално

Се почестото никнување на нови депонии е нерешлив проблем за Општина Аеродром

  • Реакција на Левица ЛО Аеродром

И покрај ветувањата на градоначалникот на О. Аеродром – Тимчо Муцунски за чистење на дивите депонии, жителите се сведоци на сѐ почесто никнување нови диви депонии кои со месеци не се чистат.

Локалната власт засега не успева да се справи со овој нерешлив проблем, со кој се деградира целиот нејзин труд и средства на жителите што се потрошени за чистење на старите диви депонии во минатото.

Ова е депонијата во Долно Лисиче која е обновена и повторно го загрозува здравјето на жителите.

Левица пред една недела алармираше за нова дива депонија во Ново Лисиче – при што градоначалникот Муцунски сѐ уште нема иницирано нејзино чистење.

Јавно го повикуваме градоначалникот Тимчо Муцунски да преземе акции за чистење на оваа и други диви депонии и да создаде услови за инспекторските служби да бидат на висина на задачата и со поголемо делување на терен да се превенира оваа појава на нови депонии.