„Поларис 2021“ – Како НАТО се спремаше за војна со Русија во Украина

  • Пишува: Дарко Тодоровски – Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Светот, а посебно Европа, денес се сведоци на најголемата конвенционална војна после Втората Светска Војна. Војната во Украина одамна е планирана и од Русија, и од страна на Украина и Западот, и тоа не е јавна тајна за никого. Поради тоа несериозни се обвинувањата дека само Москва е виновна за војната. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби призна дека САД и голем број западни земји 8 години ја подготвувале Украина за војна. Тој го изјави ова на ТВ програмата „Your World“ на „Fox News“.

Официјален Вашингтон, и американските разузнавачки агенции, пред се ЦИА, изјавуваат дека почнувајќи од октомври 2021 година ја информирале и предупредувал Украина и Европа дека Русија е спремна да спроведе воена операција во Украина. Но Украина наместо да стори се да ја спречи руската воена операција, Украина со помош на Запад ја провоцираше Русија, изјавувајќи дека договорите Минск 1 и Минск 2 се мртви, концентрирајќи повеќе од 150 000 војници во Донбас Украина се спремаше за воена операција и враќање на Донбас под контрола на Украина.

Зошто Украина ја провоцираше мечката? Одговорот е едноставен, Киев беше убеден дека Москва е слаба, и дека НАТО ќе ја заштити Украина. Воените вежби на НАТО под кодно име „Поларис 2021“ тоа го потврдуваат. Пред некој ден на светската јавност, а и на новинарите, им станаа класифицирани и сензитивни информации со деталните планови и легендата за вежбите на НАТО „Поларис 2021“, кои се одржаа во ноември – декември минатата година. Од документите на француските вооружени сили, кои беа едни од главните учесници на вежбите, произлегува дека НАТО подготвувал брз и решителен одговор на Русија во Украина.

Но што пишува во сценариото на воената вежба под кодно име „Поларис 2021“. „Овој регион на европскиот континент продолжува да доживува ситуација на латентна криза по поделбата на поранешната империја катаро-септиманија по крајот на Втората светска војна во 1945 година. Десет години Меркур, наследникот на оваа поранешна империја, која се протегаше од Пацификот до Балтикот, усвои агресивна надворешна политика кон своите соседи, играјќи на националистичките чувства на катаристичките народи присутни во поранешните сателитски земји. Ситуацијата во Септиманија стана крајно загрижувачка во однос на меѓународното право и хуманитарна ситуација поради ненадејната инвазија на земјата од страна на воените и паравоените сили на Меркур на 4 ноември 2021 година – е само дел од сценариото на воените вежби.“

Според легендата и планот за вежбите под кодно име „Поларис 2021“, Русија (Меркур) зема еден од регионите од Септиманија (Украина) според истото сценарио што Кремљ го спроведе во 2014 година, со операцијата на Крим. Потоа Москва таму поставува тајна биолошка лабораторија, а во исто време ја напаѓа и преостанатата територија на својот сосед за да ги поддржи своите сонародници, кои сочинуваат национално малцинство во Септиманија. Интересно е што во легендата за вежбите наместо Руси се користи зборот „Катари“. Така се викала христијанската секта, која била подложена на најтешкиот прогон во средновековна Франција и како резултат на тоа, практично била физички уништена. Зошто во раководството на НАТО и пред сè во опкружувањето на Макрон се сетија на еретиците кои беа подложени на тотален, брутален геноцид е големо прашање. Сепак, историјата на вистинските Катари води до многу тажни размислувања дека кампањата за масовно дискредитирање на Русите во Европа е планирана акција на голем број политички елити. Едноставно, нема друго вистинско објаснување зошто е избран токму овој збор, а не некое измислено име, или историско име.

Според сценариото и планот на вежбите – војната започнува со француски напад врз тајна руска лабораторија на Крим. Од таму, со висок степен на веројатност, вештачки создаден вирус од русите се шири низ цела Европа, вирус сличен на КОВИД-19. После тоа, сојузниците во вежбата, односно НАТО го одбиваат нападот на Меркур на Септиманија. Само по себе, сценариото на вежбите претпоставува брзи и решителни акции на западните сојузници за поддршка на Украина, односно Септиманија. 

Токму ова оптимистичко сценарио најверојатно западните сојузници му го покажувале на Зеленски, убедувајќи ги украинските елити да продолжат да ја „задеваат мечката“, и дека НАТО ќе интервенира. Но, судејќи според се, Кремљ одби да го следи западниот распоред на планираните настани според вежбите „Поларис 2021“, и Русија се одлучи за превентивен напад порано отколку што планирале главните стратези и мозоци на Поларис 2021.

Но во реалноста, биолошките лаборатории од вежбата „Поларис 2021“, наместо на руска територија, во реалноста се најдоа на украинска територија, а САД и Пентагон дејствуваа како нивни организатори. Но и покрај сценариото на воените вежби „Поларис 2021“, ниту Париз, ниту САД, и ниту НАТО не и објавија војна на Русија и не им зададоа воздушни и ракетни удари на руските воени бази, воените научни центри и воените единици на терен. Покрај тоа, иако војната очигледно не оди баш онака како што планирала Москва, НАТО сеуште не се осудува директно да се вклучи и да интервенира. За НАТО во моментов профитабилно е Украина и украинците да се борат против Русија.

Доколку војната во Украина се набљудува преку планот на воените вежби „Поларис 2021“, тоа значи дека Москва успеа да го надмудри НАТО и Украина, и да зададе превентивен удар. Можеби еден ден ќе ја дознаеме целата вистина за војната во Украина.

Но факт е дека НАТО не е подготвен да ја брани директно Украина, туку индиректно. Наместо молскавична воена операција против Русија во режија на НАТО, Украина и Киев добиваат воена опрема, техника и разузнавачки податоци и информации, но и тоа е далеку од барањата и потребите на Украина и на украинската армија.

Но што ќе ја чекаше Русиај и Москва доколку одбиеше превентивен напад, и доколку НАТО го спроведеше на дело сценариото од воената вежба „Поларис 2021“. Доволно е да се сетиме на вежбите „Балтопс-2010“, во кои сојузниците во НАТО го вежбаа соборувањето на либискиот лидер Гадафи, што беше успешно изведено на во 2011 година.

Ако руските политички и воени елити решија да ги остават Киев и НАТО „да го направат првиот чекор“, очигледно е дека последиците за Русија ќе беа многу потешки, а можеби и ќе се развиеја во согласност со многу несреќното сценарио на воените вежби „Поларис 2021“ за Русија и за Русите. Но, Русија и Русите навистина не сакаат да ја повторат судбината на Катарите и да бидат прогонувано малцинство во нивните историски земји.