Грција и Бугарија заеднички ќе продолжат да ја блокираат евро-интеграцијата на Македонија

По започнувањето на демократизацијата на балканските држави од почетокот на деведесеттите години, односите помеѓу овие народи исклучиво се темелат на националистичка основа. Незамисливо е да се биде политички лидер на балканска држава, кој не се стреми кон тоа трајно да наштети на соседната.

Класичен пример за ова е однесувањео на Бугарија и Грција кон Македонија. Ако се навратиме наназад во историјата, таков е примерот со Букурешкиот мировен договор од 1913, кога македонската држава е поделена, а нејзиното постоење е уништено. Веројатно за овие две земји овој проблем ќе беше решен, ако триесетина години подоцна не се појавеше Македонија, најпрвин како Република во состав на СФР Југославија а подоцна и како самостојна држава.

Одлуката донесена уште во деведесетитте, интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија да биде стратешка цел број еден од највисок приоритет, соседните држави, Грција и Бугарија одлучија слично да ја искористат како пред 1913 година , со цел уништување на се што е поврзано со Македонија.

Нео-фашистичката пракса ја започна Грција, уште со недозволувањето на Македонија да биде земја регистрирана во ООН, по што издејствува промена на македонското знаме и регистрирање на државата во Организацијата под референцата БЈРМ.

Оваа пракса Грција одлично ја продолжи во сопирањето на останатите надворешно-политички цели на државата, а за тоа ЕУ интеграциите станаа станаа добра подлога. Нео-фашистичката пракса, која продуцираше резултати години подоцна започна да биде применувана и од Бугарија.

По првите позитивни препораки за отпочнување на преговорите со ЕУ (некаде од 2008 година), Грција започна да го злоупотребува правото на вето, барајќи од државата да го промени уставното име. Во оваа пракса таа беше осамена до 2012 година, кога за остварување на своите националистички амбиции правото на вето почна да го злоупотребува и Бугарија.

Се чинеше дека ваквата политика ќе оди до недоглед, но по вазалското инсталирање на проевропската власт во Македонија, квислингзите Заев и Димитров потпишаа договори, кои без народна поддршка и указ од претседател стапија на сила. Овие договори, првиот за „Добрососедство и соработка“ со Бугарија и т.н. преспански со Грција требаше трајно да ги надминат пречките и прекинат блокирањето на македонските интеграции во Унијата.

Но, наивното верување на стратешкиот партнер САД и пријателите од Европа се покажаа кобно за Македонија. Домашните квислингзи заедно со „пријателите“ уште еднаш го измамија македонскиот народ и држава.

Бугарските политичари се обединети околу идејата и резолуцијата на бугарското Собрание за непризнавање на постоење на македонска нација и јазик, а откажувањето од идентитетот на Македонецот е основен услов за деблокирање на европскиот пат на Македонија.

Приказната можеби овде ќе беше завршена, но на Македонија одново и се случува 2012 година, само овој пат со заменети улоги, сега Грција ќе биде таа која ќе се приклучи на бугарското вето (овој пат по отпочнувањето на евентуалните преговори), ова го најави Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“.

„Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка.“

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

За тоа како ќе се развива европската приказна за Македонија никој не знае, но факт е дека во ХХI век, ЕУ константно ја толерира нео-фашистичката дипломатија.