Крмов до Мизрахи: Не може со фингерпринт да се провери попис

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во интервју за Сител телевизија изјави дека иако нивната партија собираше потписи за законот за попис да се измени но, тие не се против пописот. Таа рече:

Фингерпринтот на локалните избори ќе даде точен приказ за тоа дали пописот е точна статистичка операција во која ние не веруваме или е договорена и на крајот на нас останува за тоа дали ние ќе го признаеме.

Оваа изјава веднаш наиде на реакција од страна на пратеникот Борислав Крмов. Тој на својот Фејсбук профил напиша:


На колаборационистите од ДПМНЕ не им остана ништо друго, освен да ги мантраат глупостите на „лидерот“.
Последна во низата е колешката Мизрахи. Нема да има казни за непопишување, тоа е повеќе од јасно. Ниту пак „фингерпринт“ на локални избори, може на било кој начин да биде искористен за проверување на валидноста на пописот. Тоа е повеќе од смешно, најмногу што, на избори гласаат само полнолетни граѓани и тоа само одреден процент, додека НА ПОПИС СЕ ПОПИШУВААТ СИТЕ. Срам и беда. Народ ве гледа додека се препелкате и криете како кукавици.