Левица: Неспособна Влада – Вработените во градинките без плата

Реакција на Политичката партија Левица

Владата да поднесе оставка како причинител на низа социјални инциденти за работниците во државата и поради неспособноста да ги санира последиците. Платите за септември да бидат исплатени веднаш!

Секој сектор почнува да се соочува со неисплатени плати на работниците во екот на најголемата рецесија. Неспособноста на Владата сега ги остави без надоместок вработените во градинките.

Немарноста кон работниците и деструктивните политики на Владата го водат општествово кон социјална катастрофа. Откако луѓето се доведени на раб на достоинството и егзистенцијата, доцнењето на платите создава нови непремостливи финансиски последици по граѓаните.

Левица ги поддржува вработените во градинките во остварувањето на основните работнички права!