Ресенчани против отворање на нов бугарски клуб

  • Соопштение на Левица – ЛО Ресен

Политичката партија Левица јавно ги поддржува жителите на село Евла (Ресен) кои гласно се изјаснаа против отворањето на бугарски клуб во нивното село.

Според неофицијални информации, локален бизнисмен подолг период најавувал отворање на бугарски клуб, а постојат и сомнежи дека се врши притисок врз локалното население да земат бугарски пасоши.

Според информациите на Левица, се работи за бизнисмен на кој безрезервно му се даваат на искористување природните капацитети за експлоатација

За време на претходната гарнитура на ДПМНЕ, тој добил концесија за стопанисување со езерото, а со новата власт на СДС добил концесија за ловиште.

Ги повикуваме институциите и министерот Оливер Спасовски да испитаат на кој начин и од какви извори се донираат средства за овие клубови, со оглед на тоа што се работи за директно поткопување на суверенитетот на Македонија.