Евроамбасадорот Гир одби да ги осуди големобугарските и шовинистички изјави на Џамбаски
Европамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, во интервју за “Слободен печат” вели дека нема да ги коментира изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски, како и изјавите на Ковачев и Костадинов кои се негаторски, асимилирачки и шовинистички за македонскиот народ.
Џамбаски е европратеник кој многукратно до сега во своите јавни настапи искажувал шовинистички идеи,територијални претензии кон Македонија, негирање на постоењето на македонскиот јазик, како и бројни навреди и негирање на постоењето на македонците. Последната негова ваква изјава дека Бугарите нема да се оркажат од идејата за Бугарија од Охрид до Црното Море и дека не постојат Македонци туку е измислена македонска нација по Втората светска војна, Евроамбасадорот Гир одби да ги осуди или искоментира.
– Верувам дека ги следите изјавите на бугарските политичари и членови на ЕП кои се интензивираа во изминатиот период, вклучително изјавите на Џамбаски, Ковачев и на пратеникот Костадинов. Како вие реагирате на овие изјави?
– Пред сѐ, да кажам дека го видов соопштението од бугарското МНР за изјавите на Џамбаски дека не го рефлектираат ставот на бугарската Влада и повика на воздржување од ваков говор. Како дипломат нема да коментирам изјави на одделни политичари, но велам дека обврска на секого во јавниот живот во ваква ситуација е да промовира позитивни односи меѓу луѓето, позитивен однос меѓу двете земји и тоа е обврска на сите нас. Што се однесува до изјавата на пратеникот Костадинов, секогаш ќе има луѓе кои јавно ќе даваат изјави кои не се продуктивни, не помагаат за добри соседски односи. Некогаш изјавите може да помагаат некогаш да бидат многу навредливи. Но важно е дека сите ние правиме сѐ што можеме и во сечиј интерес да видиме позитивни односи.
– Се помина ли границата со отворањето клубови и здруженија со имиња на соработници на фашизмот?
Многу луѓе ме прашуваат за тоа и, разбирам, луѓето се загрижени. Но, генерално оваа земја има добро досие за односите меѓу заедниците. Второ, важно е правата на различните заедници да се почитуваат во согласност со меѓународните закони. Во исто време треба секој да го почитува достоинството на другите и да има меѓусебно разбирање. Значи треба да се почитуваат правата на другите, но заедно треба да промовираат меѓусебно разбирање, а не поделби.