(Видео) Дејли: Борел е сикофантски расист – мораме да му ставиме крај на неолиберализмот

  • Обраќањето на ирската европратеничка Клер Дејли во Европарламентот Келр Дејли, по изјавата на Високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел кој изјави дека „Европа е градина, а остатокот од светот е џунгла“.

Мислам дека е иронично што темата на овогодинешниот Mеѓународен ден за „Искоренување на сиромаштијата“ е насловен „Достоинство за сите“, кога практично како што слушнавме пред некој ден, оваа седмица, дека Високиот претставник Борел му кажува на светот дека „Европа е градина и остатокот од светот е џунгла“.

Ова е сикофантски расизам и ароганција, која е оддалечена милион милји од достоинството! – Градина?

Па, 94,5 милиони луѓе се во опасност од сиромаштија или социјална исклученост – 21,7% од населението на ЕУ. – И, ова е тоа што Жосеп Борел го нарекува „градина“? – Модел на „социјална кохезија и економски напредок„? – Кога сите трендови одат кон поголема нееднаквост, а јазот помеѓу богатите и сиромашните се зголемува.

Во меѓувреме, во „џунглата“, како што ја нарекува Борел, е така како што е, токму поради голем дел на политиките водени од Европа и глобалниот капитализам.

Не можете да се справите со сиромаштијата без да се справите со фактот дека поголемиот дел од светското богатство е во сопственост и контролирано од мал број луѓе, кое го користaт за свое збогатување, наместо за потребите на мнозинството.

Треба да му ставиме крај на неолиберализмот, а луѓето да ги ставиме пред профитот!