‘‘Шпанско село‘‘ место да се руши на чекор до легализација

  • Фејсбук статус на Бранко Ристов – Престедател на Совет во Општина Карпош од Политичката Партија Левица

Луксузни вили од 2003 година, цела населба, со решение за рушење затоа што се без можност за легализирање. Фазата до таму стига што се дури и определени средства за рушење.

Саботата така нареченото “Шпанско село” го направи првиот чекор кон легализација со тоа што се внесени во нацрт планот. За нацртот гласаа СДСврховистичка, ГРОМ на Стевчо и два советника од советничката група на ДПМНЕ, точно колку што ќе фалеа да помине.

Милиони евра штета по буџетот само преку неплатени комуналии. Трајна штета по парк шума Водно. Вилите се изградени во тогаш заштитен појас, сечена шума, срамнувани брда, за елитата да излезе на чист воздух на терасата со поглед кон хаосот што го креираа за нас подолните битија.