АктуелноЛокално

Левица: Со отворањето на клубови на УЧК се врши сериозна повреда на уставниот поредок во Македонија

  • Реакција на Левица – ЛО – Тетово

Отворањето на клубови во Тетово и невладини организации за величење на паднатите борци на УЧК е уште само едно уривање на уставниот и државен поредок на Македонија и разгорување на национална омраза.

Ова што се случува е неприфатливо и претставува повеќе од сериозна провокација!

Македонската држава целосно се обезличи, занемарувајќи ја примарната нејзина функција, а тоа е промовирање и заштита на Македонскиот идентитет.

Инспирирани од дневно политички и ситни приватни економски интереси, се дозволува се и се промовира се и сешто, често и она што е во директен конфликт со Уставот и законите на државата.

Оваа владеачка гарнитура постојано работи ПРОТИВ интересите на народот и државата и единствено решение е комплетен ресет на овој корумпиран и заробен систем.

Ова што се случува е силување на македонскиот народ!