АктуелноИнтернационално

Блумберг предвидува рецесија во САД

Најновите проекции на Блумберг предвидуваат дека рецесијата во САД сигурно ќе започне во следните 12 месеци, што е во целосна спротивност со пораките испратени од претседателот на САД, Џо Бајден.

Економистите на Блумберг, Ана Вонг и Елиза Вингер изработија модел согласно кој се предвидуваат огромна веројатност за рецесија во сите временски рамки. Во изработката на годишната проценка очекуваат рецесијата во САД очекуваат најдоцна да започне во октомври 2023 година.

Овој модел предвидува дека можноста за почеток на рецесија во рок од 12 месеци е 100 проценти, а зголемена е веројатноста рецесија да се случи и порано.

Веројатноста рецесијата да започне во рок од 11 месеци е зголемена на 73%, што е зголемување од 30 проценти во споредба со предвидување за минатата година, а веројатноста истата да се случи за 10 месеци се зголеми од 0% на 25%

Оваа прогноза е многу лоша вест за Бајден, кој тврди дека САД ќе избегнат рецесија и дека доколку се случи, ќе биде многу блага. Со ова, како што пишува Блумберг, тој сака да ги убеди граѓаните дека економијата добро и оди под неговата администрација.

Иако податоците за вработеноста се многу добри, зголемената инфлација сè уште е најголемата грижа на просечниот граѓанин на САД. Од друга страна, растот на каматните стапки и инфлацијата ги побиваат неговите тврдења.