На седница на која се менува Устав пратеник од СДСМ игра табла

На денешната собраниска седница, која Талат Џафери ја прекина откако немаше мнозинство за промена на Уставот, еден од пратениците на СДСМ беше уловен од медиуми како игра мобилна игрица на својот мобилен телефон.

На фотографијата е пратеникот Драгољуб Филипоски од СДСМ, кој игра на телефонот, додека обраќање за промена на Уставот има неговиот претседател на партија и премиер, Димитар Ковачевски. Иначе, Филипоски е поранешен претседател на СДСМ Гостивар и неговото прво вработување го има во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), и тоа на 43 години.

Ова не е првпат пратениците на СДСМ да бидат фатени во слична позиција. Еден од нив беше и пратеникот и портпарол на партијата Дарко Каевски, кој за разлика од постариот колега, кој „се опушта“ со табла, играше тетрис.