(Видео) Предизвикан инцидент поради силеџиство и немоќ на СДС додека говореше Советник на Левица

Денешната Седница на Советот на Град Скопје се одвива во тензична атмосфера поради штрајкот на возачите на ЈСП Скопје.

Советниците од коалицијата на СДСМ почнаа да збеснуваат и дивеат и покрај тоа што нивната партија која е на власт е главниот виновник за тоа што возачите немаат земено плата.

Имено, на Седницата се случи инцидент, предизвикан од Советникот Горан Арсов од ВМРО-НП на Љупчо Ѓорѓиевски кој е коалиционен партнер на пробугарската СДСМ и кои заедно практикуваат власт на централно и локално ниво.

За време на излагањето на Советникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан кој жестоко го критикуваше односот на Владата кон Град Скопје, поради намерното неисплаќање на потребните дотации до Градот, со што го става во позиција да не може да ги исплати платите на вработените во Јавните претпријатија, додека во исто време троши милионски суми на непродуктивни трошоци.

Во моментот кога од говорницата Советникот Исмаил го критикуваше односот на Владата кон Град Скопје, Горан Арсов од Коалицијата на СДСМ, во автократен стил карактеристично само за недемократски држави и тоталитарни режими, стана од столчето и го бутна неговиот микрофонот. Со овој потег, тој не само што ги прекрши само советничките права на Советникот Реџеп Исмаил како народен избраник, туку и го попречи основното човеково право на слободно изразување.

За време на инцидентот Претседателот на Советот на Град Скопје, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не реагираше, иако негова деловничка обврска е да го одржува редот на Седницата.

Во прилог можете да го погледнете видеото од инцидентот.