(Видео) Апасиев до Џафери: Еве ти како правен експерт, објасни ми мене како на арабаџија
Денешното обраќање на пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, по повод шверцувањето на изборот на уставни судии.
,,Точка што не е разгледана и согласно Деловникот не е затворена, не може да има материјал за расправа која би ја расправале на седница. Како може за точка што стои со статус ‘неразгледана’ да добиеме Извештај на главна расправа?!
За да го поентирам вашето пинг-понг играње со ВМРО-ДПМНЕ, ние имаме едно соломонско решение, кое на 17.05.2022 година е поднесено како Предлог-Закон, но никако Вие не го ставате на дневен ред.
Имено, станува збор за предлог-Законот за Уставни судии кој е единствен ваков lex specialis во државава.
Новината кај овој закон е што се воведуваат јасни и проверливи критериуми за дефинирање на уставната флоскула ‘истакнат правник’. Значи еден правнички поткован закон, којшто Вие двапати одбивате да го ставите на дневен ред.”