Исмаил: На Македонија и е потребна Влада без нужно албанска партија во нејзе

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица

Најдобар приказ, ислустрација за тоа дека оваа земја де факто функционира како спој од две федерални единици е тоа како властите ги делат народните пари согласно поделбата на власта – албанска и македонска партија. Овде сакам да направам една важна дигресија, затоа што голем дел од граѓанството е во заблуда во однос на поделбата на власт во Македонија.

Имено, поделба, односно принципот при формирање на Влада дека мора да има и албанска партија во власта, де јуре не постои – за тоа нема ниту уставно ниту било какво правно задолжение, туку ете, тоа е така дека „нашите стратешки пријатели“ ни направија да некои партии мора да бидат вклучени во власта само поради тоа што се „албански партии“.

Елен не исе, власта се дели на албанска и македонска партија, така се делат и парите. Тендерите за пченица на Агенцијата за стокови резерви е еден нај-очебиен пример дека крадат и на лебот, и тоа крадат со братска делба:

Додека домашните производители на пченица животарат и својот производ го дадоа пошто-зашто, притоа, со парите не можат да ги задоволат своите основни потреби; што го дестимулира производството на оваа култура во иднина, Власта купува пченица од странство со многу повисока цена од онаа што дури и на берзата постои. Притоа, ова го прави преку две фирми – Агроглобал трејд од Скопје и Кокра Е Арт од Тетово.

Оваа набавка се прави некаде при крајот на 8-ми месец од 2022 година, и вероватно не ги задоволила апетитите на „коалиционите партнери“, па само 40 дена подоцна, Власта повторно купува пченица за сума од 2.1 милиони евра, и повторно преку фирмата Кокра Е Арт од Тетово. Одма после два дена од ова, по четврти пат во рок од 40 дена, Власта купува пченица во вредност од 2.2 милиони евра, овој пат со некој трет играч, „Млин Аргулица“ од Карбинци.

Дел од решението на проблемот за Македонија е и Влада без нужно албанска партија во нејзе – унитарноста на државата е од круцијално значење за Македонија да биде добро место за живеење; добро за повеќето а не за „избрани“ привилегирани поединци!