Мустафаоглу: Градежната мафија почна со бетонизација на Ѓорче Петров

Бетонизација ќе му се случи на Ѓорче Петров со најновиот ДУП кој предвидува градење на 50 згради во населбата Дексион во општина Ѓорче Петров.

Левица уште во март предупреди дека “сегашната и претходната власт во Ѓорче Петров пеат иста песна”.

Во Фејсбук статус советничката од Левица во Ѓорче Петров, Дарја Мустафоглу во март истакна дека предложениеот ДУП ќе го уништи Дексион.

Во продолжение нејзиниот фејсбук статус:

1.„Финансиски уништена општина“– гласаат „ЗА“ четвртиот квартален извештај (во исчекување да гласаат и „ЗА“ завршната сметка за 2021 година)

2.„Со никаква организација во работата“– ги учиме да ги читаат и почитуваат одредбите во актите, ама за нив тоа е кочење во работата

3.„Пари кои се трошеле по кафеани и луксузирања“ – набавуваат пијалаци и чоколади во вредност од 354.000 денари; набавуваат дополнителни два апарати за топли напитоци во вредност од 118.000 денари; средства добиени од донации за конкретни проекти ги распределуваат за администрацијата за: патувања, канцелариски материјали и мебел, вработувања, прехранбени продукти (вкупно 2.012.730 денари и ПЛУС 9.531.000 предвидени во Буџетот за 2022 година за истиве работи).

4.„Општина во која криминалците и урбаната мафија го имале главниот збор“ – Гласаат ДУП за уништување на Дексион со 50 нови згради, со скоро ич зеленило и паркинг места.

*И не дека не се согласувам со наведеното во однос на „работењето“ на претходниците, него истата песна ја пеат и сегашниве.