Советничката од Левица во Охрид ги повика останатите Советници да се приклучат на протестот

  • Објава на Виолета Аврамовска – Советник од Левица во Советот на Општина Охрид

Во пресрет на отворањето на граѓанското здружение ,, Цар Борис III, јавно ги повикувам моите колеги советници во Советот на Општина Охрид, сите да дадеме поддршка на протестот закажан за утре( петок), во 11: 30 часот, на ул.,,Македонски Просветители”, пред ТЦ Амам.

Ние, како советници секогаш треба да бидеме рамо до рамо со своите сограѓани и да застанеме во првите редови на овој протест и јавно да го осудиме отворањето на ова контроверзно здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер, борец против македонизмот, фашистот, чија војска, по окупацијата на Македонија извршила бројни злосторства врз недолжното македонско население и кој е одговорен за депортацијата на голем број македонски Евреи во концентрациониот логор Треблинка.

Овде во Охрид, во градот на писменоста, да ставиме крај на понижувањето на македонскиот народ и да го зачуваме достоинството на македонската нација и достоинството и споменот на антифашистичките борци.

НЕ ЗА БУГАРСКИОТ ХИТЛЕР !!!
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ !!!