Крајевски: Не за бугарскиот Хитлер

  • Пишува: Јован Крајевски – член на Презедиумот на политичката партија Левица

И еве да речеме дека бидејќи Цар Борис III праќал македонци во концентрациони логори, а Тито тепал бугарски фашисти, во одредена мера е во ред споредбата меѓу двајцата што ја направи бугарскиот министер за надворешни работи.

Прво, тоа би значело дека бугарскиот министер за надворешни работи сите бугари ги смета за фашисти. Зошто иначе бугарите би ги болело тоа што некој требел фашисти со бугарска национална припадност? Мене не би ме болело ако бугарски комунист утре треби фашисти со македонска национална припадност.

Второ, зошто воопшто му е гајле какво средно училиште има во Скопје? Ние не се буниме за некој си културен клуб Цар Борис III во Софија. Нема ни тој што да се меша за средно училиште Јосип Броз Тито во Скопје.

Тоа што на бугарскиот министер за надворешни работи му смета средно училиште во Македонија само укажува дека бугарската надворешна политика уште е „един народ – две држави“. Тоа што му смета средно училиште што носи име на анти-фашист укажува дека неговата политика е инхерентно фашистичка.