Н.Р. Кина: Развој и модернизирање на инфраструктура наменета за младата популација

Едни од проектите на кои активно се работи во Н.Р. Кина, со цел задоволување на потребите за здрав психо-физички развој на младите и фокусот на програмите за развој и модернизирање на инфраструктура e наменета за младата популација, како и едукација и усовршување на стручен кадар за користење на истата.

Компаниите кои се ангажирани за ова, добиваат проект – застарено игралиште, за кое тие изработуваат предлог преку кој, со најмали можни интервенции тоа треба да се реновира. Главната цел и намена е да биде функционално за моторички развој на младата популација 4-10 години. 

Потоа доедуцираме стручен кадар, како на забавен, динамичен и активен начин, користејќи ги постоечките елементи и преку разни вежби, активности и игри да ги развиваат клучните моторички способности кај децата од дадена возраст“ – нѐ информираше подетално нашиот дописник од Н.Р. Кина, Томе Караџоски.

Овие проекти ги реализираат на општинско и градско земјиште, како и во училишта.

Понатака општината и градот ги раководат овие објекти. Истите се отворени за користење по претходно одредени услови, бесплатно или по многу ниски цени достапни за целата популација која спаѓа во групата на интерес.“

Училиштата ги користат реновираните спортски игралишта за своите ученици, а дел од учителите по физичко образование се доедуцираат.