Јанчев: 30 септември – Денот на непокор на македонскиот народ

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – член на Централниот Комитет на Левица и Советник во Општина Гевгелија

Како што знаете на 30 септември се одржа референдум на кој на граѓаните им беше поставено прашање “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? “.

1. Кратката предиграта на референдумот

А) Референдумско прашање

  • Прво одбраа референдумско прашање кое е спротивно на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Таму во член 15 јасно стои дека ако се поставуваат повеќе прашања секое од прашањата треба да биде на посебно ливче. Ние добивме три прашања (едно за ЕУ, едно за НАТО и едно за Преспанскиот договор) на едно гласачко ливче. Колку за споредба, поради непрецизни референдумски прашања Уставен суд ги поништи сите референдуми кои се одржаа против рудниците на смртта.
  • Прашањето беше манипулативно. Наведуваше дека ако се гласа “за”, Република Македонија ќе влезе во ЕУ. Вистината беше, и сеуште е, обратна. Северна Македонија, не Република Македонија, ќе влезеше и тоа не во ЕУ ами во НАТО. Намерно манипулираа оти знаеја дека за да се влезе во ЕУ треба прво да се исполнат Копенхашките критериуми и да започнат и завршат преговорите за членство со ЕУ. За споредба, преговорите на Србија и Црна Гора со ЕУ траат речиси една деценија, а Македонија уште нема започнато со преговори. Дополнително, ако се прифатеа уцените од Грција за членство во НАТО, јасно беше дека со уцени за членство во ЕУ на ред иде Бугарија.

Б) Кампања

  • Кодексот за добри референдумски практики на Венецијанската комисија вели дека власта треба да држи неутрална позиција. Кај нас власта тераше кампања да се гласа “за”.
  • Кодексот вели дека треба да има балансирана застапеност во медиумите и на двете страни. Кај нас медиумите беа поплавени од кампањата која убедуваше да се гласа “за”.
  • Кодексот вели дека треба да има балансирано финансирање за двете страни. Кај нас страната која беше да се гласа “за”, а тоа е власта, потроши 1 000 000 (милион) евра државни пари за кампања. На страната која беше против (бојкот) не и беше дадена ни скршена пара.
  • Премиери, претседатели од секаде дојдоа и переа мозок да се гласа “за”. Меркел дојде во Скопје, Макрон испрати видео порака, дури и Курц, чија земја не е член на НАТО, дојде да не убедува да гласаме за Натовска Северна Македонија.
  • Пуштија наместени анкети според кои 57,8% од граѓаните ќе излезат да гласаат на референдумот, а 51% од нив ќе гласа за Натовска Северна Македонија. Оваа лажна анкета беше пуштена од Телма со цел да се излажат граѓаните кои беа наумиле да бојкотираат да излезат и да гласаат.

2. Ден на гласање

  • Најголем дел од тие кои излегоа да гласаат беа возрасни граѓани, односно 50+ години. Значи, приказната за младите се со нас, се „ЗА” и прогресивни и за иднина, а возрасните затуцани, заглавени во минатото и сакаат да тапкаме во место се приказни за мали деца.
  • До 16:00ч, огромен дел од тие кои излегоа беа граѓани на кои за НАТО, ЕУ, име, јазик не им беше битно и гласаат оти чекаат вработување или добиле вработување од СДССМ или добиле и очекуваат некоја друга лична корист. Овие излегоа комплет сосе нивните роднини како што се прави и за избори. Во превод, не се гласаше за Европска Македонија, иднина, мед и млеко и милион евра просечна плата, ами се гласаше од клиентелизам.
  • После 17:00ч., почнаа на гласање да излегуваат граѓани кои немаат допир со политика, а се сиромашни. Овие луѓе на гласачко место прашувааа прашања како да гласаат, што да заокружат и не знаеја кај да го стават гласачкото ливче па се упатуваа да го дадат на комисијата. Дали беа купени или заплашени е друго прашање. Оние кои со такси одеа да гласаат и со такси се враќаа дома, со сигурност беа купени.
  • На некои гласачки места имаше гласање на секои 5 секунди, во превод, полнење кутии.

3. Резултати

  • На референдумот немаше излезеност од 50% + 1, колку што е потребно за успешен референдум. На референдумот излегоа 36,9%.

ЗАКЛУЧОК: И покрај пропагандната војна која ја водеше власта против народот, на крај народот победи. Референдумот беше избојкотиран и поради тоа пропадна. Народот не даде дозвола за промена на името и народот не го промени името. Името го променија мала група стари и корумпирани политичари. Затоа и мала група нови и чесни политичари ќе го вратат.

Честит ден на македонски непокор!
#НикогашСевернаСамоМакедонија