Ердоган најави дека Турција сака да биде членка на ШОС
По завршувањето на учеството во самитот на ШОС кој се одржа во Самарканд, турскиот Претседател најави дека неговата земја има за цел да стане полноправна членка во организацијата, пренесува радио Спутник и истата вест ја наслови како „Промена на историската парадигма“.
На маргините на самитот турскиот лидер оствари голем број билатерални средби со лидерите на Русија, Азербејџан, Индија, НР Кина, Пакистан, Монголија и Узбекистан. Според пишувањата на медиумите, турскиот претседател за време на престојот во Самарканд изјавил и дека би бил подготвен да се сретне со сирискиот лидер Асад доколку присуствува на самитот, а исто така ја најавил својата намера да го олесни влезот на руските земјоделски производи на светските пазари преку Турција и да учествува во изградбата на гасовод за испорака на руски гас во Пакистан.
Мехмет Емин Икбал Дуре, познат турски политиколог смета дека изјавата на Ердоган заТурција да стане полноправна членка на ШОС е една од најдискутираните теми во Турција во моментов. „Не ми е јасно како членка на НАТО може истовремено да биде и членка на ШОС. Ми се чини дека турскиот лидер го направи тоа за Западот да размисли за неговото однесување кон Турција“ – рече политикологот
Дуре смета дека економските односи со Русија се многу важни за Турција, и дека заради тоа Ердоган ќе се согласи да преодолее на притисоците од Западот.