Во Велес наместо иницијативата на Левица за парк ќе се гради деветокатница

  • Објава на Игор Смилев, Советник од редовите на Левица во Општина Велес, по повод одлуката на градоначалникот да ја одбие иницијативата за изградба на парк и наместо тоа да гради деветокатница.

Газите по лизгав под!

Извадок од 20- тата седница на Советот на Општина Велес одржана на 13 септември (вторник)

Ова е пораката до градоначалникот на Велес од советничката група на Левица по отфрлањето на нашата иницијатива за изградба на модерен парк на местото на стариот театар.

Наместо тоа во план е градење на деветокатница кој се наоѓа во непосредна близина на разурнатиот Работнички Универзитет.

Од денес нашата советничка група ќе направи се за да го разбуди од хипнотичкиот сон во кој е западнат нашиот градоначалник.