АктуелноЛокално

Апасиев: Сè додека професорите се бираат по општинските комитети образованието ќе тоне

Откако започнаа уписите на студенти за прв циклус на студии, најголем дел од факултетите се соочија со намален број на студенти на нивните катедри, пракса која не’ следи веќе години наназад.

На социјалните мрежи беше објавено дека на факултетот за македонски јазик се запишале само 12 студенти, што имајќи ги во предвид околностите и претензиите кон македонскиот јазик создавани од соседните држави видна ја вознемири јавноста.

По ова случување се огласи и пратеникот Димитар Апасиев, кој на социјалните мрежи сподели статус во кој кратко го опиша искуството на неговата сестра која учела на Филолошкиот факултет и додаде дека образованието ќе тоне се додека професорите се бираат по општински комитети.

На Филолошки на УКИМ, се запишале само 12 студенти на Македонистика!?


Не. Не им е одмилен јазикот, туку СИСТЕМОТ! Еве ќе ви кажам личен пример: сестра ми дипломираше македонска книжевност пред скоро 20 години, кога студираа по околу 120 студенти во една група. И знаете колку стаж има на струка? = 0 часови (со букви: НУЛА). А знаете оти? Оти нема членска од СДС-ДПМНЕ.


Наравоучение: Се’ додека ги бирате професорите на општински комитети, наместо на конкурси – образованието ќе иде у курац, а младите у странство!