Лавров: Русија не ги отфрла преговорите со Украина, но одложувањето го комплицира процесот

Русија не ги отфрла преговорите со Украина, но нивното натамошно одложување од страна на Киев, ќе ја усложни можноста за постигнување договор со Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТВ каналот „Россија“.

Лавров истакна дека рускиот претседател Владимир Путин го пренесе ставот на Москва за време на состанокот со Државната Дума и лидерите на фракциите. „Претседателот им рече на учесниците на состанокот дека ние не ги негираме преговорите, но, тие што одбиваат треба да разберат дека колку повеќе го одложуваат тој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас’’, рече министерот.

Според Лавров, властите во Киев велат дека преговорите може да се одржат само по победата на Украина. „ И тогаш, кога Русија ќе ги напушти украинските земји‘‘, тие би биле подготвени да разговараат, наметнувајќи ни ги своите услови. Тие се активно поддржани во тоа, дури и се препуштаат на Лондон, Вашингтон, Брисел. Ако е тоа нивен избор, тогаш ние знаеме како да ги постигнеме целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин, како дел од специјалната воена операција‘‘ рече тој.