Русија почнува со масовна дедоларизација, Кина го прекинува увозот на американска нафта и гас

Долго време доларот се сметаше за непобедлива валута. Се додека САД не започнаа трговски војни со сите земји со кои можеа. Освен тоа, тука е и долгата листа на земји кои се под санкции, ембарга и други облици на блокади.

Русија е вклучена во листата на земји кои се противат на Вашингтон, што и не е изненадување. По неколку години навидум слаб отпор, Москва оваа недела ја започна масовната дедоларизација која ќе се спроведува по детално испланирани тактички нацрти. Владимир Путин изјави како тоа не значи целосно отфрлање на доларот како валута, но дека владата и министерот за финансии добиле прецизни насоки како да делуваат.

На некои им се чинеше дека ова се само зборови, но Министерството за финансии го усвои службениот план за дедоларизација на руската економија. Овој документ предвидува контра-мерки, вклучувајќи и даночни олеснувања за фирмите кои ќе се префрлат на работење и трговија во рубљи. Клучниот дел од планот е трговија со земјите од БРИКС, Евроазиската економска унија во националните валути, а фокусот е трговија во рубљи со ЕЕУ, т.е. трговија рубљи – јуан со Кина и рубљи – евра со земјите од ЕУ.

Овој план е дискутиран на Светскиот Економски Форум во Владивосток на средината на септември, каде беа собрани претставници на сите земји со кои Москва има намера да го започне опсежното работење и трговија, избегнувајќи го доларот.

Таму главниот директор на ВТБ банката, Андреј Костин, го изрази својот став дека е потребно да се спроведе забрзан премин на пресметки во националните валути, а Владимир Путин му даде целосна подршка.

Отсега руската влада ја започнува имплементацијата на овие мерки, иако целосната имплементација на планот е закажана за 2024 година.

Од овој месец почнуваат да се применуваат даночните олеснувања и забрзаниот повраток на ДДВ на извозните трансакции. Освен тоа, има обиди за воведување на сопствен систем на финансиски наплати, кој е веќе тестиран, сличен на меѓународниот состав SWIFT. Се водат активни преговори околу преминот на пресметки во национални валути со земјите од БРИКС што е, помеѓу другото, нужно за наплата на пет системи S-400 кои Индија само што ги купи од Русија и покрај заканите од САД.

Како што кажавме, треба да се напомене дека планот за дедоларизација не подразбира целосно напуштање на доларот. Граѓаните ќе можат и понатаму да ја чуваат својата заштеда во странски валути.

Но, дедоларизацијата полека станува не само дел од рускиот план, туки и глобален тренд. Конкретно, Европа бара нови можности за создавање на сопствен систем за наплата, што беше и потврдено од европските лидери во нивните изјави. Секако, тука е и Кина, која оваа пролет започна да тргува нафта во јуани. Поминаа скоро 25 години од кога Кина започна да го разгледува овој план до неговото реализирање.

Јасно е дека САД пробуваат да ги разбијат сите можни економски врски помеѓу соперничките земји, но оваа агресивна политика е контрапродуктивна и им дава поттик за соработка на земјите, кои се се поблиску и поблиску до создавање на антиамериканска коалиција, коалиција против доларот.

Затоа, големата идеја за дедоларизација нема само да и даде на Русија поголем простор за маневрирање во глобалната економија, туку несомнено и ќе влијае на економскиот систем на САД.

 

Кина го прекинува увозот на американски енергенси

Помеѓу големите стратези секогаш владеело убедувањето дека пред напад врз некого без разика дали воен, економски или информациски, треба да се пресметаат сите можни последици и реакции. Освен тоа, борбата на два, три или повеќе фронтови е неопислива глупост, ако пред себе имате сили како Кина и Русија, но и нивните сојузници.

Но, американските стратези покажуваат дека не им е грижа за логиката, здравиот разум и дека се слабо упатени во целокупната историја на војни помеѓу народите.

Затоа, заедно со фронтот против Русија, несогласувањата кои стигнаа на ниво на конфронтација со сојузничката ЕУ, арогантното однесување со Индија, Пакистан и Саудискиот режим, каков и да е тој, САД прогласија трговска војна со Кина.

Под паролата „што ни можете, ние сме непобедливи“, воведоа царини на кинескиот увоз.

Кинезите, како одговор, возвратија со реципрочни мерки, но почнаа и активно да ја отстрануваат американската стока од домашниот пазар. Имено, кинескиот извоз во САД е многу помал за да го погодат својот противник каде боли, реципрочните царини се мерка со која Кина може да возвраќа одредено време.

Точно е дека на САД за функционирање на сопствената економија и финансии им е потребно да го урамнотежат трговскиот биланс со Кина и ЕУ. Но, како? За такво нешто САД би требало да ги избркаат странските производители од нивните пазари и да започнат производство во своите иселени индустрија, што е, во моменталната фаза, крајно тешко.

Кинезите не се соочени со толку тешка задача. Немаат проблем со трговскиот биланс и имаат значаен суфицит. Освен тоа, едноставно можат да ги заменат америкаснките доставувачи со европски и руски, што веќе и почнаа активно да го прават. На кого му е во оваа ситуација потешко и полошо? Тоа е очигледно.

Иако Кинезите својата суституција на увозот ја почнаа со сите видови на мешунки, соја и специфична стока, со кое и не ја погодија толку американската економија, иако земјоделците веќе се жалеа и го присилија Трамп да им исплати субвенции и оштети од неколку милијарди долари, по вториот бран на санкции Пекинг сериозно го сфати Вашингтон.

Кина целеше кон стратешките гранки на САД – извоз на втечен гас и нафта. Имено, Кина беше на трето место како увозник на американски втечен гас, веднаш по Мексико и Република Кореја. Во 2017 година Кина купила 38 милиони тони втечен гас што е за 46% повеќе од 2016 година.

Сега, САД губат пристап кон овој огромен пазар. Во првата половина на оваа година, додека Си Зинпинг и Доналд Трамп сеуште преговара и се чинеше дека договор околу трговијата помеѓу овие две земји е на видик, продажбата на увезениот втечен гас во Кина рипна за 76%, а продажбата од сопствените извори падна за 11%.

Затоа, Кина во трговската војна не само што ќе одговори на мерките на САД, туку и одлучи да се потпира на сопствената гасна индустрија.

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, напролет изјави: „Кина мора да увезува многу, многу повеќе од нашиот втечен природен гас, а за нив ќе биде пологичо да увезуваат повеќе од нашиот гас, отколку да ги променат своите извори на достава. Тоа ќе има дополнителен ефект на смалување на трговскиот дефицит помеѓу САД и Кина.“

Но, ништо од тоа. Иако во март 2018 Кина купи 445 000 тони втечен гас од САД, а во јули овој волумен се зголеми за 130 000 тони, со стапување на сила на царините и најавата за нови, Кина јасно истакна дека не сака да купува нови количини на втечен гас од САД.

Американските „експерти“ тогаш самоуверено тврдеа: „Се е во ред, сега овој втечен гас ќе го продаваме на Европа“. Но, судејќи според фактот дека Германија активно го промовира „Северен тек 2“, ова сценарио е крајно неверојатно.

Со американската нафта ситуацијата е отприлика иста. Кина го завземаше второто место во купување на нафта од САД, веднаш по Канада, додека на трето и четврто место беа Обединетото Кралство и Холандија.

Околу 20% од вкупниот американски извоз на нафта одеше на Кина. Сега уделот на американска нафта во кинескиот увоз е само 3%, рече Сие Чунлин, претседателот на компанијата China Merchants Energy Shipping (CMES), кој додаде дека нарачките за американска нафта во Кина се целосно прекинати.

Американците, се разбира, гордо изјавија дека „не беа Кинезите тие кои одбија да купуваат американска нафта, туку ние престанавме да им ја продаваме“.

Кина исторемено ги препродаде своите претходни договори за идни доставувања на американска нафта на трети земји, што изричито ги побива изјавите на американците.

Во исто време Кина значајно го зголеми купувањето на нафта од западна Африка на 1,7 милиони барели дневно, а Блумберг тврди дека Кина никогаш не купила толку нафта од тоа подрачје од 2011 година – годината од кога се води оваа статистика.

Во мај министерот Мнушин изјави за Фокс Њуз (Fox News) дека „привршува трговската војна САД-Кина“, т.е. дека Кина се согласила да ја намали трговската несразмерност со САД.

„Очекуваме дека Кина ќе го удвои купувањето на енергенси од нас, мислам дека ќе видиме како Кина купува наши енергенси во вредност 50 до 60 милијарди долари годишно, во наредните 3 до 5 години“, изјави во мај Стивен Муншин.

Во светло на горенаведеното, „додека сите во Вашингтон се смееа“, американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео, итно и непланирано на 8 ноември лета за Пекинг, каде можеби и верува дека ќе го дочека „безусловната капитулација на Си Зингпинг“.

Шлагот на тортата е прашањето на „блокада на руските поморски цевки и извозот на руските енергенси“, што исто така може да се разгледува во контекст на односите помеѓу САД и Кина.

Тука е и воената ескалација. Имено, на 30 септември кинескиот уништувач модел 052C “Luyan” го „избрка“ американскиот уништувач USS Decatur од спорното Спратли архипелаго во Јужното кинеско море. Американското воено лидерство веднаш реагираше, заканувајќи се поради „небезбедното и непрофесионалното однесување на кинеската морнарица“.

Се чини како хегемонот да е скршен и сега посебно лут. Се заканува на Русија, Кина, европските сојузници, саудискиот режим. Буквално на сите. На „пријателите“ и на „непријателите“.

На крајот американскиот потпретседател, Мајк Пенс, ја обвинува Кина дека пробува да влијае на изборите за американскиот Конгрес кои се закажани за ноември 2018. Исто така додаде дека „висок службеник во американската разузнавачка служба одамна му кажал дека тоа што Русите го прават е бледа копија на тоа што го прави Кина низ Америка“.

Поради растечките контрадикции помеѓу САД и Кина, кои се повеќе се посветени на меѓусебната борба, може да се случи да САД има помалку можности и ресурси за соочување со Русија и остатокот од непријателите, иако тоа не треба да се очекува. Но, судирот со целиот свет во само неколку недели даде два важни возврати, а иранскиот се чека. Москва го започна планот за активна дедоларизација, што со помал интензитет го правеше веќе од 2014 година. А, на другата страна, освен реципрочните мерки и царини, Кина се откажува од увозот на американските енергенси.

За САД војната против сите, без обзир на тоа што ќе изгубат, е „победничка стратегија“. А, тек сме на почетокот, бидејќи планот на Министерството за финансии на Русија е започнат од пред неколку дена, токму кога престана и кинеското нарачување на американски втечен гас. Следните неколку месеци ќе поминат во ова светло и оваа ескалација на тензии, но, потоа макроекономските показатели за 2018 година ќе покажат кој бил во право.

Текстот е преведен од politika/rusija-krece-u-veliku-dedolarizaciju-a-kina-prekida-uvoz-americke-nafte