21 година од убиство на Илиевски и Трпковски за кое никогаш никој нема одговарано
Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август, 2001, од сè уште непознати сторители кои со динамит ги врзале двајцата за потпорните столбови и ги кренале во воздух со мотелот „Бриони“ кај Челопек.
Нивното загинување се случи 2 недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и 5 дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи.
Дел од жителите на село Челопек од албанска припадност не дозволуваат да се обнови мотелот и се спротиставуваат земјоделската задруга „Единство“ од Челопек да продолжи да стопанисува со него, бидејќи сметаат дека местото е нивно и бараат од државата да им го додели на нив.
Ова за да се потсетиме за делата на оние кои не плаќаат струја, даноци и кои не почитуваат закони, а се жалат и плачат дека нешто биле онеправдани.