Естонија ги руши спомениците од Советскиот Сојуз, ова го правеше и Украина пред неколку години

Овој тренд на рушење на културното и историско наследство од Советскиот Сојуз, под влијание на Западот, започна во многу земји од поранешниот Источен блок, кои активно навлегоа во историскиот ревизионизам, преку кој го изедначуваат социјализмот со идеологијата која ги уништуваше за време на Втората светска војна.

Руското МНР испрати протестна нота до колегите од Естонија поради демонтирањето на споменикот на тенкот Т-34 во Нарва, изјави Иван Нечаев, заменик-директор на секторот за информации и печат на Министерството.

„На 16 август, властите го демонтираа овој споменик и шест други споменици во Нарва, вклучително и спомен-табли на централниот плоштад Петровски, посветени на војниците од Црвената армија. Во врска со ова, испративме соодветна протестна нота до естонското Министерство за надворешни работи“, се вели во коментарот на руското министерство.

Нечаев потсети дека претходно во Естонија се урнати 15 објекти од советското меморијално наследство.

„Естонските политичари најавија курс за целосна елиминација на севкупното меморијално наследство од советскиот период“, – додаде претставникот на Министерството за надворешни работи.

Акцијата во Нарва од руска страна е оценета како „срамна“ и цинична. Споменикот беше подигнат во Нарва во 1970 година на местото каде што во јули 1944 година, единиците на Црвената армија под команда на генералот Федјунински ја преминаа реката, ја пробија одбраната на нацистите и ги избркаа од градот.

Градското собрание не можеше да донесе одлука овој споменик да биде срушен па затоа премиерот Каја Калас инсистираше на уривање.

Во овој град околу 90% од населението се етнички Руси.